„Seeds for the future“ – студиската посета во НР Кина, аплицирајте !!!

„Seeds for the future“ – студиската посета во НР Кина, аплицирајте !!!

Драги студенти,

 Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност за наградување на петте најдобри студенти од ИКТ факултетите во Република Македонија. Станува збор за студиската програма „Seeds for the future” која компанијата Huawei од Кина ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei.
Студeнтите кои можат да аплицираат за оваа програма треба да:
– Имат просек над 8.5
– Имаат најмалку 150 а најмногу 230 кредити
– Запишано за прв пат на студии после 2013 година
– Не се постари од 30 години.
Студентите може да аплицира со скениран пасош и уверени за положени испити каде се дадени бројот на положени испити, просек на добиени оценки, дополнителни активности во текот на студирањето и вкупен број на кредити. Апликациите да се пратат на мејл apliciraj@mioa.gov.mk до 27.06.2017 година 23: 59 часот.
Студентите ќе бидат бодувани :
– до 19 поени зависно од Универзитетот каде студираат а во согласнот со поледното оценување од Шангајската ранг листа
– најмногу 41 поени ќе добијат во зависнот од просекот
– најмногу 40 поени зависно од бројот на положени испити
Аплицирајте.
Среќно!!!!


X