Конкурс за Ерасмус мобилности за административен кадар 2021/22

Конкурс за Ерасмус мобилности за административен кадар 2021/22

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, распишува Конкурс за доделување 5 стипендии за административен кадар за обуки на високообразовните институции од земјите со кои Универзитетот има потпишано договори за меѓу-институционална соработка.
 Листата на универзитети со кои УИНТ има потпишано договори за меѓу-институционална соработка можете да ја видите на веб страната http://uist.edu.mk/erasmus/erasmus-partner-universities/.
 Мобилноста за административни работници е во времетраење од максимум 5 работни дена за мобилност за обука.
Апликациите за учество задолжително треба да содржат:  
• Формулар за апликација (Прилог 1)
• Биографија (Прилог 2)

Конкурсот е отворен до 15 ноември 2021 година. Заинтересираните апликанти треба да ги поднесат своите апликации во коверт до Координаторот за Еразмус + КА 103 (во библиотеката на Универзитетот), секој работен ден од 8 до 16 часот, на ковертот треба да го наведат сопственото име и да назначат дека се работи за поднесување на апликација за учество во програмата Еразмус+.

Конкурс Администрација Еразмус 2021/2022
Формулар за апликација – Прилог 1
Europass CV – Прилог 2