Покана за успех

Покана за успех

Информатичките и комуникациските технологии од корен го променија светот во последните две децении и начинот како живееме, работиме, се забавуваме, комуницираме и споделуваме информации. Историски гледано, човештвото својот развој го темели на споделување информации, знаење, иновации и искористување на ресурси. Во минатото еден од поважните ресурси за економскиот напредок беше нафтата. Денес, во светот на дигиталното општество, податоците и информациите се сметаат за нов значаен ресурс, како нова нафта во дигиталниот свет. Управувањето со овие податоци има огромно значење врз меѓународните односи, глобалната политика и економскиот напредок.
Ве поканувам да ја искористите можноста да се запишете во третиот уписен рок на 29 септември 2023 год. и да се приклучите на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид. Тука ќе стекнете знаење и вештини за успешна кариера во дигиталното време, како и подлабоко разбирање за дигиталната трансформација на општеството и влијанието на дигиталните технологии. Ве уверувам дека со диплома од УИНТ ќе бидете подготвени да направите позитивна промена во вашиот живот, а и во светот.


доц. д-р Горан Шибаковски

Декан на Факултетот за применети ИТ, машинска интелигенција и роботика