Инфо сесија за акцелераторската програма во склоп на Ohrid Blue Economy Accelerator

Инфо сесија за акцелераторската програма во склоп на Ohrid Blue Economy Accelerator

Prime Blue Institute во партнерство со Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и ГИЗ, одржаа инфо сесија за акцелераторската програма во склоп на Ohrid Blue Economy Accelerator, како и тековниот отворен повик за компании кои нудат иновативни одржливи решенија во областа на сината и зелената економија.

На сесијата беше претставена акцелераторската програма и условите за учество како и можноста за аплицирање во грантовата шема за стартапи во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризам и агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија. 

Учесниците имаа можност да добијат одговори на своите прашања дирекно од тимот на Prime Blue Institute како организатори на оваа акцелераторска програма, како и претставници на ГИЗ како организатори на грантовата шема. 

Повикот е отворен за аплицирање до 15ти Јуни 2023 г. Регистрирајте ја Вашата компанија и добијте можност за бизнис советување и индивидуално прилагодена тренинг програма за развивање на одржлив бизнис модел, менторство од експерти за финансирање, интернационализација, развој на технолошки решенија, привлекување инвеститор, пристап до пазари и инвеститори. 

Повеќе информации на следниот линк: https://theprimepoint.com/newshighlights/повик-за-стартапи-можност-за-пристап-д/

Благодариме на сите учесници и соработници што го направија овој настан успешен. Заедно ја обликуваме иднината со чиста и одржлива економија!

*Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира PRIME BLUE Institute во партнерство сo University of Information Science & Technology “St. Paul the Apostle” – Ohrid, Macedonia
Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Проектот е имплементиран од GIZ North Macedonia во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (Central European Initiative – CEI).