Универзитетот сенат е орган на управување и стручен орган на Универзитетот. Сенатот го сочинуваат по 2 (два) претставници од единиците на Универзитетот од редот на наставно-научните работници. За член на Сенатот не може да биде избрано лице кое е избрано за декан или продекан на единица на Универзитетот. Ректорот и проректорите на Универзитетот се членови на Сенатот по положба, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседатели на Сенатот.
Во Сенатот на Универзитетот студентите се застапени со 10% од бројот на членовите на Сенатот од единиците на Универзитетот.
Претседателот на сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање за периос од една година, со право на уште еден избор. Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија.