Соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

Соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

EN

Со потпишување Меморандум за соработка, потпишан од Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и в.д. Директорката м-р Ирена Шајн, се формализираше соработката на институциите која постои подолго време. Проектот насловен како “Засилување на капацитетите за управување со културното наследство на регионот на Охрид: Обука за развој на ГИС база на податоци за Институтот и Музеј – Охрид”, во соработка и иницијатива на м-р Горан Патчев, беше повод за потпишувањето на овој Меморандум. Проектот вклучува низа на активности, вклучувајќи ја организацијата на “Регионален камп за реставрација” во соработка со “Културно наследство без граници – Албанија”. 

Понеделник, 11 септември, во 09:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, ќе се одржи презентација на идните активности на кампот. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со експертите вклучени во проектот.