ERASMUS CALL FOR ADMINISTRATION STAFF MOBILITY

ERASMUS CALL FOR ADMINISTRATION STAFF MOBILITY

Драги колеги,

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, распишува Конкурс за доделување 2 (две) стипендии за административен кадар за обука на високообразовните институции од земјите со кои Универзитетот има потпишано договори за меѓу-институционална соработка.

 Листата на универзитети со кои УИНТ има потпишано договори за меѓу-институционална соработка можете да ја видите на веб страната http://uist.edu.mk/erasmus/erasmus-partner-universities/.
 Мобилноста за административниот кадар е во времетраење од максимум 5 работни дена за мобилност, заклучно со 31.05.2022 година.
Апликациите за учество задолжително треба да содржат:  
• Формулар за апликација (Прилог 1)
• Биографија (Прилог 2)

Селекцијата на кандидатите ќе ја врши Комисија за селекција на мобилност за обуки на административен кадар согласно правилата за мобилност на Еразмус + програмата и  податоците наведени во Прилозите 1 и 2.  

Финансирањето на мобилностите како и сите административни процедури ќе се вршат согласно правилата на Еразмус + програмата. Кандидатите ќе бидат известени за резултатите за селекција во писмена форма.

Конкурсот е отворен до 28 јануари 2022 година. Заинтересираните апликанти треба да ги поднесат своите апликации во коверт до Координаторот за Еразмус + КА 103 (во библиотеката на Универзитетот), секој работен ден од 8 до 16 часот, на ковертот треба да го наведат сопственото име и да назначат дека се работи за поднесување на апликација за учество во програмата Еразмус+.

Еразмус Конкурс 2022