ERASMUS KA103 Call for Teaching Staff mobility

ERASMUS KA103 Call for Teaching Staff mobility

Почитувани,

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, распишува Конкурс за доделување 5 стипендии за наставен кадар за предавање на високообразовните институции од земјите со кои Универзитетот има потпишано договори за меѓу-институционална соработка во земјите на Европската Унија +Турција.

 Листата на универзитети со кои УИНТ има потпишано договори за меѓу-институционална соработка можете да ја видите на веб страната http://uist.edu.mk/erasmus/erasmus-partner-universities/.  Конкурсот согласно правилата на Еразмус Ка103 програмата се однесува само за мобилности во земјите на Европската Унија +Турција.

 Мобилноста за наставниот кадар е  во времетраење од максимум 5 работни дена за мобилност, во текот на 2021/22 година, заклучно со 31.05.2022 година.

Апликациите за учество задолжително треба да содржат:  
Формулар за апликација (Прилог 1)
Биографија (Прилог 2)
• Acceptance Letter од институцијата каде е планирана мобилноста (Апликантите се задолжени да ја контактираат високообразовната институција каде ја планираат мобилноста и од истата да добијат Acceptance Letter за реализација на истата. Овој документ служи како потврда дека странската високообразовна институција (институцијата домаќин) ја прифаќа мобилноста на кандидатот, и служи во процесот на апликација на овој Конкурс).

Селекцијата на кандидатите ќе ја врши Комисија за селекција на мобилност за обуки на наставен кадар согласно правилата за мобилност на Еразмус + програмата и  податоците наведени во Прилог 1 и 2, како и  согласно одредбите наведени во Правилникот за мобилности на студенти и кадар на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” Охрид – УИНТ, (Членови, 24, 25, 26 и 27).

Процес на номинација на високообразовната институција – домаќин. Врз основа на резултатите од Комисијата за селекција, Еразмус КА103 координаторот ќе изврши номинација на избраните лица од наставниот кадар за мобилности во високообразновната институција која е наведена во апликацијата.

Финансирањето на мобилностите како и сите административни процедури ќе се вршат согласно правилата на Еразмус + програмата, односно согласно пресметката во Mobility tool алатката на Еразмус програмата, а врз основа на број на денови и далечина. Кандидатите ќе бидат известени за резултатите за селекција во електронска форма од страна на Еразмус КА 103 координаторот на УИНТ.
Висината на грантот ќе зависи од бројот на денови за мобилност (максимум 5) и далечината согласно пресметките на Еразмус програмата која може да се провери на следниов линк: https://erasmus-plus.ec.europa.eu/resources-and-tools/distance-calculator

Конкурсот е отворен до 07 февруари 2022 година. Заинтересираните апликанти треба да ги поднесат своите апликации во коверт до Координаторот за Еразмус + КА 103 (во библиотеката на Универзитетот), на ковертот треба да го наведат сопственото име и да назначат дека се работи за поднесување на апликација за учество во програмата Еразмус+.