Еразмус конкурс за студентиски мобилности за академската 2025/2026 година (зимски семестар)

Еразмус конкурс за студентиски мобилности за академската 2025/2026 година (зимски семестар)

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Клучна Акција 131, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, распишува Конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции од земјите со кои Универзитетот има потпишано договори за меѓу-институционална соработка и  доделување стипендии за обука/стажирање во компании од Европската Унија, Турција и Србија. Листата на универзитети со кои УИНТ има потпишано договори за меѓу-институционална соработка можете да ја видите на веб страната http://uist.edu.mk/erasmus/erasmus-partner-universities/.

Се охрабруваат студентите со помалку можности (ранливи категории) и посебни потреби да аплицираат на овој Конкурс.

Уловите и насоките за аплицирање се во текстот на Конкурсот.