Универзитетот „Св. Апостол Павле“ претставен на Саем за образование

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ претставен на Саем за образование

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставуван од деканките вонр. проф. Д-р Анета Велкоска и вонр. проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска и раководителот на центарот за кариера Јасмина Андоноска, беше дел и учествуваше на Саемот за образование и кариера што во организација на Младински Центар Охрид се оддржа на 25 април 2024 година во просториите на Касарна Охрид. Саемот претставуваше одлична можност на која Универзитетот ги презентира можностите за стекнување на квалитетно образование, знаење и вештини од базичните информатички науки и технологии, како и нивната применливост во различни области од општеството. Штандот на кој Универзитетот се претстави, беше посетен од многу заинтересирани средношколци кои покажаа интерес и желба да го продолжат своето образование, како и многубројни гости, на кои им беа презентирани предностите за професионален развој што ги нуди универзитетот преку своите студиски програми од прв, втор и трет циклус на студии.