Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Почитувани, 
Во прилог ви го доставуваме линкот од Огласот за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија.

https://www.nbrm.mk/vrabotuvanje-vo-narodnata-banka-1.nspx

Огласот е објавен и во дневните весници „Коха“ и „Слободен печат“, во нивните изданија од (среда 5 јануари 2022 година).

Огласот е за вработување на 5 извршители на и тоа:
–      1 извршител на работното место „помлад аналитичар I степен“ во Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки на неопределено време;
–      1 извршител на работно место „помлад аналитичар I степен“ во Отсекот за финансиска стабилност и макропрудентна политика во Дирекцијата за финансиска стабилност и макропрудентна политика на неопределено време ;
–      1 извршител на работно место „супервизор II степен“ во Отсекот за лиценцирање и корективни мерки во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање на неопределено време;
–      1 извршител на работно место „советник експерт“ во Кабинетот на гувернерот на неопределено време и
–      1 извршител на работно место „помлад супервизор почетен I степен во Дирекцијата за теренска супервизија на определено време во траење од 1 година

Крајниот рок за пријавување на кандидатите ќе биде заклучно со 18 јануари 2022 година.