Можност за пракса во Македонски Телеком

Можност за пракса во Македонски Телеком

Драги студенти, 
Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за поддршка на технички услуги (CSOD) во времетраење од максимум една година со полно работно време. Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:

  • Техничка поддршка на второ ниво на технички услуги за отстранување на пречки и обезбедување на сервиси кон корисниците за портфолио на стандардни сервиси;
  • Испитување, решавање и затворање пречки опфатени со процесот на автоматска дијагностика;
  • Реализирање на испитување и отстранување на пријавени пречки на второ ниво на техничка поддршка за кориснички стандардни сервиси;
  • Работа во системите за менаџирање со активна и пасивна пристапна мрежа;
  • Работа во апликациите за кориснички пријави, технички inventory податоци, управување со пречки;
  • Учество во процесите за оперативна поддршка на регионалните сервисни центри;
  • Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.

Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 13.03.2022 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника.