17 Apr Студентска Пракса во МИКРОСАМ
Почитувани студенти,
Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса во траење од 2 месеци со полно работно време, надоместок на трошоци за сместување, организиран превоз и храна за студенти од сите Технички факултети. Дознајте повеќе како би изгледала вашата кариера на https://mikrosam.com/
Што нудиме?
· Платена пракса во времетраење од 2 месеци
· Работа со искусен ментор
· Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
· Континуиран процес на учење преку работа на проекти
· Одлични услови за работа во креативна средина
· Можност за личен и професионален развој и зголемување на работното портфолио
· Можност за вработување на најдобрите практиканти
· Организиран превоз и храна
· Надоместок на трошоци за сместување
За повеке информации погледнете го флаерот (кликни тука)
Ви благодариме!
