Startup weekend Ohrid Стартап Викенд Охрид од 26 до 28 април на Универзитетот ,,Св. Апостол Павле”

Startup weekend Ohrid Стартап Викенд Охрид од 26 до 28 април на Универзитетот ,,Св. Апостол Павле”

Стартап Викенд Охрид оваа година ќе се одржи од 26ти до 28ми април во просториите на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

Настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

Покрај ентузијастите со идеја, настанот е отворен и за сите оние без конкретна идеја и тим. Тие би формирале свои тимови меѓу себе и би учествувале на настанот исто како и останатите однапред пријавени тимови.

Тимот кој стои покрај Стартап Македонија, е поддржан од тимот на Стартап Викенд ОхридУниверзитетот ,,Св. Апостол Павле” и Стартап заедницата од Охрид, надополнето со голем број на стартап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат второто издание на стартап викенд во Охрид. Организаторите ќе обезбедат храна, освежителни пијалаци и забавни активности во текот на целиот настан.

Целта на овој настан е да се даде можност за вмрежување на новата генерација на професионалци, претприемачи, иноватори и стартап ентузијасти како и шанса за развој и лансирање на својот стартап во Македонија и странство.

Што е Стартап Викенд?

Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги поттикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, односно проект на кој ќе работат. Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со поддршка на над 30 ментори (основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори. 

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната https://swohrid.com/ на настанот или пишете на swohrid@gmail.com.

Објави од првото издание на Стартап Викенд Охрид во 2022 година: