Студентска Пракса во МИКРОСАМ

Студентска Пракса во МИКРОСАМ

Почитувани студенти,

Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса во траење од 2 месеци со полно работно време, надоместок на трошоци за сместување, организиран превоз и храна за студенти од сите Технички факултети. Дознајте повеќе како би изгледала вашата кариера на https://mikrosam.com/

Што нудиме?

·        Платена пракса во времетраење од 2 месеци
·        Работа со искусен ментор
·        Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
·        Континуиран процес на учење преку работа на проекти
·        Одлични услови за работа во креативна средина
·        Можност за личен и професионален развој и зголемување на работното портфолио
·        Можност за вработување на најдобрите практиканти
·        Организиран превоз и храна
·        Надоместок на трошоци за сместување

За повеке информации погледнете го флаерот (кликни тука)

Ви благодариме!